Македонија летно сметање на времето

Почнува летното сметање на времето

Промената на времето според дел од експертите носи и промена на расположението и нарушување на нормалните рутини на спиење на луѓето. За да се избегнат проблеми поврзани со летното сметање на времето, најдобро е да се подготвите однапред вели за ТВ 24 Сања Ѓорѓева сертифициран тренер за спиење.

Според неа постепеното прилагодување на распоредот за спиење и одржувањето на постојана рутина на спиењето го регулира внатрешниот часовник и го подобрува квалитетот на сонот.

Стресното секојдневние, технолошките процеси, брзиот начин на живот дополнително ги оптоварува луѓето. Секој човек реагира различно на секој проблем меѓутоа неспиењето само дополнително може да ја влоши раздразливата состојба кај луѓето, може да придонесе до зголемување на депресија, намалување на концентрација, губење на меморија. Квалитетот на сонот според ѓорѓева значи и поквалитетен живот и полесно реализирање на обврските.

Летното сметање на времето додава е добра идеја да се обидеме да одржуваме редовно време за спиење и будење додека се прилагодуваме на промената на времето. Ѓорѓева порачува – секој човек да се потруди да отспие барем 7 до 8 часа и да направи сопствена хигиена на спиење за да има добар и квалитетен сон.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top