Македонија

Мисајловски од Ѓорче Петров: Сплотени и обединети да направиме историски победнички резултати за подобра Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски преку статус на Фејсбук пишува дека вечерва Ѓорче Петров било сплотено, а во општината се чувствувала и победничката атмосфера.

Мисајловски од Ѓорче Петров: Сплотени и обединети да направиме историски победнички резултати за подобра Македонија

„ПОБЕДНИЧКА ЕНЕРГИЈА И ПРЕКРАСЕН НАСТАН ВО НАШЕТО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ !

Сплотени и обединети да направиме историски победнички резултат за подобра Македонија.

Вечерва во Ѓорче Петров не посети професорката и идната претседателка Гордана Силјановска-Давкова каде што заеднички ќе го изодиме патот кон победа на претседателските, но и победа со над 61 пратеник на парламентарните избори.

Сега е време сите заедно, рамо до рамо, да го изодиме патот за подобра татковина и за подобар живот.

Секој е добредојден да ни се приклучи и да биде дел од новата историја“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top