Кошарка Поради кошаркар со фалсификуван пасош

Барселона ќе бара одземање на титула на Реал Мадрид

Барселона ќе бара одземање на титула на Реал Мадрид

Шпанските медиуми објавија вест дека Барселона ќе бара одземање на титулата на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид од 2015 година поради тоа што за нив играл кошаркар со фалсификуван пасош.

Утврдено е дека во 2015 година во дресот на Реал со фалсификуван пасош на Екваторијална Гвинеја играл кошаркарот Маркус Слотер, на кого сега му се суди поради тој прекршок. Ако Слотер биде прогласен за виновен, тогаш Барселона ќе испрати барање за одземање на шампионската титула и трофејот од Купот на Кралот на најлутиот ривал.

Поврзани теми

Теми на денот

To top