Останати спортови

Втора победа за Ферстапен во новата сезона

Втора победа за Ферстапен во новата сезона

Ништо ново во Формула 1, актуелниот шампион Макс Ферстапен доминантно ја почна и оваа сезона откако прв ја заврши и трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда.

Исто како и на првата трка, и денеска во Саудиска Арабија Ред Бул славеше еден-два победа, Ферстапен заврши прв, пред неговиот клупски колега Серхио Перез. Ова беше 56. победа за Ферстапен и вкупно 100. подиум во кариерата.

Место на денешниот подиум имаше и за Леклер од Ферари кој заврши на третото место.Вториот возчат на Ферари, Беарман кој денеска возеше на местото од Саинц, трката ја заврши на седмото место.

Во топ десет завршија уште и Пиастри, Алонсо, Расел, Норис, Хамилтон и Хулкенберг.Следна трка од сезоната е на 24. март кога се вози Големата награда на Австралија.

To top