Вести Харков редовно е цел на руските сили

Зеленски: Најмалку двајца загинати во рускиот напад на хипермаркет во Харков

„Во моментов знаеме дека можеби имало повеќе од 200 луѓе во хипермаркетот. Сите служби се веќе на терен за да помогнат во спасувањето на луѓето и да го изгаснат пожарот“, додаде тој.

Зеленски: Најмалку двајца загинати во рускиот напад на хипермаркет во Харков

Најмалку две лица загинаа, а 24 се повредени денеска во руски напад врз хипермаркет за градежни производи во Харков, вториот по големина град во Украина, каде во моментот на нападот имало повеќе од 200 луѓе, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Русија му зададе уште еден брутален удар на нашиот град Харков – градежен хипермаркет – денеска, среде бел ден“, напиша Зеленски на Телеграм.

„Во моментов знаеме дека можеби имало повеќе од 200 луѓе во хипермаркетот. Сите служби се веќе на терен за да помогнат во спасувањето на луѓето и да го изгаснат пожарот“, додаде тој.

Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, најмалку две лица загинале, а 24 се повредени во овој напад извршен со употреба на две воздушни бомби.

Голем број луѓе се исчезнати, има многу повредени“, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.

Според властите, горат од 10.000 до 15.000 метри квадратни магацински и продажен простор.

Зеленски уште еднаш ги повика западните сојузници да обезбедат повеќе системи за воздушна одбрана на Украина.

„Доколку Украина имаше доволно системи за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони, таквите руски напади немаше да бидат можни“, додаде тој.

Градот Харков, кој пред војната имаше 1,5 милиони жители и се наоѓа во близина на руската граница во североисточна Украина, редовно е цел на руските сили.

Поврзани теми

To top