Како обичен писар потпишуваше се што ќе му пратат, целосно игнорирајќи ги ставовите на луѓето, експертите или медиумите. Најконтроверзните закони ги потпишуваше во рок од неколку часа по нивното гласање, онака како што ќе му наредеа оние кои го поставија на позицијата, ДУИ и СДС.
Пендаровски не само што го изгуби кредибилитетот и интегритетот, туку изгуби и контакт со реалноста која ја живеат граѓаните. Тој со своите постапки и политики го погази достоинството на граѓаните и на државата, стои во соопштението на партијата.