Американската НБА лига официјално реши да прими уште двајца легендарни кошаркари во Куќата на славните.
Станува збор за луцидниот Винс Картер и некогашниот ас на Детроит Пистонс, Чонси Билапс.
Двајцата ќе присуствуваат на церемонијата која ќе се одржи во август годинава, а официјалната потврда ќе биде соопштена на 20 април, јавуваат американските медиуми.