Вести

Успешно заврши Балканското првенство во риболов на крап и амур, Македонија го освои првото место

Успешно заврши Балканското првенство во риболов на крап и амур, Македонија го освои првото место

Успешна завршница на 15-тиот Јадранско-подунавски куп (БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО) во риболов на крап и амур кој се одржа на езерото Мавровица во Свети Николе од 03-06.10.2024, со натпреварувачи од пет Балкански држави меѓу кои Република Македонија како домаќин и натпреварувачките екипи на Република Словенија, Република Србија, Република Бугарија и Република Албанија.

Во лоши временски услови, со неизвесна борба до крај, победата ја однесе екипата на СО2 од ЗСРРК Вардар од Скопје, Р. Македонија на чело со капитенот Јован Миловски и натпреварувачите Александар Миловски и Мирослав Савиќ.

Најголема уловена риба е. Србија екипа Шаран од Кикинда

Второто место припадна на екипата Team Mojo од Р. Бугарија, а третото место го освоија натпреварувачите од УСР Шаран – Кикинда, Р. Србија.

2 место екипа Шаран Кикинда Р. Србија

Пехарот за најголема уловена риба го доби третопласираната екипа Шаран од Кикинда- Р.Србија.

1 место екипа ЦО2 Скопје Р. Македонија

Честитки за сите натпреварувачи и учесници кои беа како логистика за одлично организираниот натпревар како и целосната организација од страна на Македонската Риболовна федерација.

Република Македонија за прв пат во историјата на Спортскиот Крапски Риболов донесе Пехар за освоено 1 место како Балкански Првак во гореспоменатата дисциплина.

1 освоено место екипа ЦО2 Скопје Р.Македонија
2 освоено место екипа Мојо Р. Бугарија
To top