Вести Планирале криминални и терористички акции против власта

Триесет и тројца војници уапсени за заговор против Мадуро

Триесет и тројца венецуелски офицери и војници беа уапсени и исфрлени од вооружените сили за наводен заговор против претседателот Николас Мадуро, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Триесет и тројца војници уапсени за заговор против Мадуро

Во соопштението именувани се генерал-мајор, двајца полковници, шест потполковници, девет мајори, двајца капетани, шест први поручници и седум наредници.

Тие би биле „вклучени во заговори преку планирање на криминални и терористички акции насочени кон напад на легитимно конституираниот систем на власт, институциите на државата и венецуелскиот народ, дури и убиство на шефот на државата, рече министерот за одбрана, Владимир Падрино.

-Овие предавници никогаш не требаше да носат униформа. Тоа е група која воопшто не ги претставува вооружените сили, вели тој во видеото објавено на социјалните мрежи

To top