Вести

Три ирански сателити лансирани во вселената со помош на руски ракети

Три ирански сателити се лансирани денеска во вселената со помош на руски ракети „Сојуз“, објавија иранските државни медиуми.

Три ирански сателити лансирани во вселената со помош на руски ракети

Три ирански сателити се лансирани денеска во вселената со помош на руски ракети „Сојуз“, објавија иранските државни медиуми.

Иран во последните години сè повеќе се потпира на својот сојузник Русија за испраќање сателити во орбитата. Се вели дека последните три ќе придонесат за следење на развојот на земјоделството, природните ресурси и животната средина.

Овие сателити се дизајнирани и произведени од ирански научници… и покрај сите санкции и закани“, изјави иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, за државната телевизија, осврнувајќи се на западните мерки во врска со нуклеарната програма на Техеран.

„Со Русија соработуваме во различни области. Некои се очигледни, додека други не сакаме да ги објаснуваме“, додаде Џалали.

Најнови вести од Вести

To top