НБА тимовите на Њујорк Никс и Торонто Репторс направија трејд, зделка во која главни ѕвезди беа Ар-Џеј Берет и Оу-Џи Ануноби.
Оваа размена на играчи значи дека Берет се враќа во својата татковина со оглед на тоа што е Канаѓанец, а заедно со него во таборот на „рептилите“ се сели и бекот Имануел Квикли, плус Торонто го добива вториот пик на драфтот во 2024 година.
Инаку Берет од 2019 година настапуваше во Никси, во актуелнава кампања имаше просек од 18,2 поени и 4,3 скока по натпревар. Квикли пак во оваа кампања реализираше рекордни во кариерата 15 поени што значи дека Репторс добиваат двајца квалитетни играчи во ростерот.
Ануноби пак оди во „Медисон Сквер Гарден“ заедно со центарот Прешес Ачиува и плејмејкерот Малакај Флин.