Свет ИДФ

Жестоки борби во центарот на Џабалија, на северот од Појасот Газа

Жестоки борби во центарот на Џабалија, на северот од Појасот Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека бригадата што ја предводи офанзивата во Џабалија, северна Газа, сега се бори во центарот на тој град.

Во оперативните информации денеска се наведува дека седмата бригада „елиминирала повеќе од 60 терористи во изминатите денови во Џабалија“.

Жителите изјавија дека израелските оклопни возила стигнале до пазарот на најголемиот од осумте бегалски кампови во Газа и дека булдожерите уриваат куќи и продавници.

ИДФ, исто така, соопштија дека војниците пронашле складиште со оружје со „десетици ракети со долг дострел подготвени за употреба, десетици делови од ракети, експлозиви и друго оружје“ и дека таму биле заробени 20 терористи.

Шест лица загинаа во бомбардирана куќа, соопшти палестинската цивилна одбрана.

Израелски претставници истакнаа дека израелските сили ја „исчистиле“ Џабалија пред неколку месеци, но се вратиле минатата недела за да го спречат Хамас повторно да воспостави контрола.

Во тек е и нападот врз градот Рафа, а стотици илјади луѓе бегаат.

Поврзани теми

To top