Свет Ужас

Жена и дете убиени во рација на Западниот Брег

Израелските сили вчера убија припадник на екстремистичката организација Исламски џихад во Тулкарм.

Жена и дете убиени во рација на Западниот Брег

Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека израелските безбедносни сили убиле жена и дете за време на рација во Тулкарм на окупираниот Западен Брег.

Палестинската новинска агенција Вафа, повикувајќи се на извори од владината болница Табет Табет, јави дека загинале 15-годишно момче и 47-годишна жена, а четири лица се ранети.

Израелските сили вчера убија припадник на екстремистичката организација Исламски џихад во Тулкарм.

Најмалку 550 луѓе, меѓу кои повеќе од 130 деца, се убиени од израелските безбедносни сили или еврејски доселеници на Западниот Брег од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичкиот Хамас на другата палестинска територија на Појасот Газа на 7 октомври минатата година. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top