Свет дводневна посета

Зеленски: За Украина е многу важно да има партнер како Велика Британија

еленски разговараше и со британскиот премиер Кир Стармер и беше првиот странски гостин што присуствувал на состанокот на британската влада во овој век.

Зеленски: За Украина е многу важно да има партнер како Велика Британија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека за време на неговата дводневна посета на Велика Британија, главни теми на разговор биле долгорочните капацитети на Украина, стратегијата за поморска безбедност и одбранбената соработка со цел постигнување праведен мир.

„Многу е важно и симболично за Украина и Украинците да имаат толку силен и непоколеблив партнер како Обединетото Кралство. Нашата соработка обезбедува повеќе решенија за борбата против тиранијата, а британското раководство ги инспирира другите земји. Не смееме да ја изгубиме нашата одлучност во иднина“, напиша Зеленски на каналот Телеграм, пренесе Укринформ.

Тој им се заблагодари на Велика Британија и на премиерот Кир Страмер за поддршката на Украина и на Украинците. Претседателот на Украина беше во Велика Британија на 18 и 19 јули. Тој на 18 јули учествуваше на самитот на Европската политичка заедница, а имаше аудиенција кај британскиот крал Чарлс Трети.

Зеленски разговараше и со британскиот премиер Кир Стармер и беше првиот странски гостин што присуствувал на состанокот на британската влада во овој век.

To top