Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е дојден моментот за организирање преговори меѓу лидерите за клучните приоритети и рокови за безбедносните гаранции за Украина.
„Воени команданти, министри за одбрана и советници за безбедност – ги подготвуваме компонентите за идната безбедност на различни нивоа. Го забрзуваме процесот на усогласување на деталите“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Тој додаде дека поради руските напади синоќа, над 100.000 корисници во три региони останале без електрична енергија. „За жал, погодени се енергетски објекти. Нападите предизвикаа прекин на електроснабдувањето во Полтавската, Сумската и Черниговската област“, истакна Зеленски.