Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша уредби за воведување санкции, по предлог на Советот за национална безбедност и одбрана (РНБО), против правни и физички лица кои обезбедуваат функционирање на авијациската инфраструктура на Русија, како и против колаборационисти.
„Денеска потпишав неколку нови уредби за санкции, предложени од РНБО. Под санкции се речиси 150 субјекти – правни и физички лица – кои обезбедуваат работа на авијациската инфраструктура на Русија. Исто така, воведен е нов пакет санкции против колаборационисти. Тие кои одбраа да работат во корист на војната, изјави синоќа Зеленски, пренесе „Украинска правда“.
„Должност на сите украински претставници е да се погрижат нашите санкции да бидат синхронизирани со глобалните“, додаде Зеленски.
Деталите за санкциите се уште не се јавно достапни.
Русија сега е најсанкционираната земја во светот, надминувајќи земји како Иран, Северна Кореја и Сирија.