Свет Украина

Зеленски: Во руските напади загинаа најмалку три лица

Зеленски посочи дека руските напади биле насочени кон енергетскиот систем, цивилната инфраструктура и „во суштина целата инфраструктура на секојдневниот живот“.

Зеленски: Во руските напади загинаа најмалку три лица

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија во текот на ноќта извршила масовен напад врз Украина, при што биле истрелани над 600 дронови и повеќе од 30 проектили.

Во нападите загинаа најмалку три лица, од кои и четиригодишно дете, а осуммина се повредени.

Зеленски посочи дека руските напади биле насочени кон енергетскиот систем, цивилната инфраструктура и „во суштина целата инфраструктура на секојдневниот живот“.

– Нападите непосредно пред Божик, кога луѓето едноставно сакаат да бидат со своите семејства, во домот и на безбедно, испраќа директна јасна порака за руските приоритети. Путин и понатаму не разбира дека мора да престане со убивањето. А, тоа значи дека светот не врши доволен притисок врз Русија, истакна Зеленски, кој од западните сојузници бара поригорозни санкции за Русија и зголемување на помошта за Киев.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Украинскиот претседател вчера пред дипломатите изјави оти очекува Русија да преземе тешки напади по Божик.

– Сосема нормално Русија да почне масовни напади за Божик, потенцирајќи оти ситуацијата е тешка поради недостиг на системи за воздушна одбрана, истакна Зеленски.

Украина од минатата година Божик го слави на 25 декември, иако многу Украинци се придржуваат до православните традиции и го слават празникот на 7 јануари, како и во Русија.

Поради синоќешните напади врз западна Украина полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор.

Полската армија на платформата Икс објави дека презела превентивни мерки за да го заштити сопствениот воздушен простор, при што биле мобилизирани борбени авиони, а копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување биле ставени во состојба на висока готовност.  (МИА)

To top