Свет

Зеленски: Во руските напади загинаа 43 луѓе, а 200 се повредени

Зеленски: Во руските напади загинаа 43 луѓе, а 200 се повредени

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон изјави дека во руски напади од 8 јули врз повеќе украински градови загинале 43 луѓе, а 200 се повредени.

Во нападите погодена беше и детска болница во Киев. Во Украина вчера беше прогласен Ден на жалост поради големиот број на жртви.

Украина тврди дека нападот врз детската болница бил извршен со руска крстосувачка ракета Кх-101 истрелана од авион бомбардер. Додека Русија за нападот ја обвини украинската противвоздушна одбрана, истакнувајќи дека никогаш нема „да гаѓа цивилни цели“.

Претставничката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН во Украина, Данијела Бел изјави дека е „многу веројатно“ болницата „директно да била погодена“ од руска ракета.

To top