Руски беспилотни летала и проектили оштетија 321 објект на пристанишната инфраструктура во Украина од јули минатата година, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во руските напади се оштетени и 20 трговски бродови на други земји“, додаде Зеленски.
Според него, со украинскиот извоз на храна се снабдуваат 400 милиони луѓе во 100 земји во светот.