Свет

Зеленски во Брисел ќе потпише билатерален договор за безбедност

Белгија ќе се обврзе да ја вооружи Украина со 30 борбени авиони Ф-16 (Ф-16), а првите испораки се планирани за оваа година, објави денеска белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лабиб. Најавата беше објавена само неколку часа пред посетата на Зеленски.

Зеленски во Брисел ќе потпише билатерален договор за безбедност

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска во Брисел ќе потпише билатерален безбедносен договор со белгискиот премиер, Александре де Кроа, соопшти синоќа белгиската влада.

Белгија ќе се обврзе да ја вооружи Украина со 30 борбени авиони Ф-16 (Ф-16), а првите испораки се планирани за оваа година, објави денеска белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лабиб. Најавата беше објавена само неколку часа пред посетата на Зеленски.

-Украинскиот претседател, кој бара од Западот да ја зголеми воената помош за Украина за да може да се соочи со војната со Русија, по потпишувањето ќе се сретне со белгискиот крал Филип, соопшти кралската палата.

Неколкучасовната посета ќе заврши во средината на денот на воениот аеродром Мелсбрек во близина на Брисел, каде Белгија треба да го повтори своето ветување дека ќе му обезбеди на Киев борбени авиони Ф-16 „ако е можно пред крајот на годината“, пренесе Бета.

Во првата фаза, белгиската армија ќе придонесе со обука на украински пилоти и техничари како да ги користат овие авиони. Зеленски во Мелсбрек ќе се сретне со дел од белгиските пилоти, инструктори и техничари специјализирани за Ф-16, соопштија од службата на белгискиот премиер.

Зеленски по Брисел патува за Лисабон каде ќе се сретне со португалскиот премиер Луис Монтенегро и претседателот Марсело Ребело де Соуса.

Остануваат помалку од три недели до самитот за мир во Украина, кој треба да се одржи во Швајцарија. Зеленски го отфрли предлогот на Кина и Бразил да ја поканат Русија, велејќи дека Русија „ќе блокира сè“.

To top