Украинските сили веќе петти ден ги одбиваат руските обиди да ги пробие борбените линии во Курскиот регион, во западна Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.
Тој на каналот на Телеграм напиша дека украинските сили цврсто ги држат позициите и возвраќаат на нападите.
Украина испрати војници во рускиот регион во август во својот прв голем прекуграничен упад од почетокот на војната, забележуваат британските медиуми. (МИА)