Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска оцени дека можностите на украинските копнени сили, со недоволна муниција и жива сила, се „ограничени“ и ќе останат такви се додека Русија, која има окупирано делови од нивната територија, има предност во воздухот, пренесе Бета.
-За жал, очигледно е дека сега, додека Русија има воздушна супериорност и може да се потпре на теророт на своите беспилотни летала и ракети, нашите опции на копно се ограничени, наведе тој во пораката до земјите на НАТО.
Бидејќи испораките на оружје за Киев се одложуваат поради опструкции во американскиот Конгрес, Украина ги исцрпи резервите на муниција и ракети за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, Русија го зголеми производството на оружје и веќе неколку месеци има иницијатива на источниот фронт.
За тоа време, долго одложуваниот пакет помош стигна на дневниот ред на Претставничкиот дом на САД и покрај противењето на екстремно десничарското крило на Републиканската партија, кое има мало мнозинство во него.