Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека се надева оти лидерите на Европска Унија ќе се согласат да ги отворат преговорите за членство на следниот Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 14 и 15 декември во Брисел.
ЕК во октомври препорача отворање формални преговори за членство на Украина во ЕУ, но разговорите не можат да почнат доколку не се согласат сите 27 земји-членки на Унијата.
– Веруваме дека ЕУ ќе биде подготвена да го направи својот дел … така што до крајот на годината во декември резултатот ќе биде политичка одлука за почеток на пристапните преговори, истакна Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и молдавската претседателка Маја Санду, чија земја исто така бара членство во ЕУ.
Мишел истакна дека се ќе направи за да ги убеди колегите дека е потребна одлука во декември. (МИА)