Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија истрелала повеќе од 100 проектили и лансираше 100 беспилотни летала за време на најновиот утрински напад врз Украина.
-Нанесена е голема штета на енергетскиот сектор, рече Зеленски на каналот Телеграм.
Британските медиуми јавуваат дека Зеленски повторно ги повика сојузниците да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за „соборување руски беспилотни летала и ракети“.
Русија синоќа лансираше неколку десетици беспилотни летала камикази кон Украина, а утрово изврши масовен напад со крстосувачки и балистички ракети, јавија претходно украинските медиуми.
Експлозии се слушнаа во Киев, Луцк, Запорожје, Одеса, Лавов, Харков и други украински градови.
Украинките власти соопштија дека во нападите загинаа најмалку четири лица и дека дел од Украина е останата без струја, а на некои места нема и вода.