Свет средба

Зеленски пристигна во Германија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Германија, каде што планира, меѓу другото, да се сретне со американскиот преговарачки тим за завршување на војната.

-Веќе сум во Германија. Денешната програма вклучува состанок со американскиот преговарачки тим. Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, така што искуството од Будимпештанскиот меморандум и руската инвазија никогаш повеќе нема да се повтори. Сметаме на конструктивни преговори, напиша Зеленски на Телеграм.

Претходно, украинскиот претседател изјави дека сè уште не добил официјален одговор од Соединетите Американски Држави на најновите предлози во врска со мировниот план.

Според него, денеска ќе биде „украинско-американски ден“ во Берлин, кој ќе вклучува и средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и други европски лидери.

To top