Свет Украина

Зеленски: Преговараме со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев работи на постигнување договор со земјите од Блискиот Исток за испорака на дизел, вид гориво кој е во најголем дефицит во земјата.

Зеленски говореше за украинските медиуми за време на неговата турнеја низ Блискиот Исток, каде претходно соопшти дека Украина и Саудиска Арабија потпишале договор за соработка во областа на одбраната. Овој документ ги поставува темелите за идни договори, технолошка соработка и инвестиции. Зеленски нагласи дека со своите министри и со државната компанија „Нафтогас“ разговара за решавање на потенцијалниот недостиг, посочувајќи дека 90 отсто од енергетскиот дефицит отпаѓа токму на дизел горивото.

Зеленски појасни дека рамковниот договор бил потпишан пред неговата средба со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман ал Сауд.

Украина истовремено ја зајакнува својата улога во регионот преку испраќање на над 220 експерти кои ги советуваат блискоисточните држави како да се справат со напади од беспилотни летала, кои нанесоа огромни штети врз енергетската инфраструктура во целиот регион.

To top