Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека само со единство меѓу Европа и САД откако Доналд Трамп ќе ја преземе власта може да „постигне мир“ во војната со Русија.
„Мислам дека само заедно САД и Европа можат навистина да го запрат (рускиот претседател Владимир) Путин и да ја спасат Украина“, рече Зеленски додека присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел.