Свет

Зеленски потпиша договор за безбедност со Белгија

Зеленски го објави пактот во вредност од 977 милиони евра (1,06 милијарди долари) на платформата за социјални медиуми „X“.

Зеленски потпиша договор за безбедност со Белгија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска во Брисел потпиша билатерален долгорочен договор за безбедност со белгискиот премиер, Александар Де Кро.

Зеленски го објави пактот во вредност од 977 милиони евра (1,06 милијарди долари) на платформата за социјални медиуми „X“.

-Договорот, исто така, го содржи „обврзувањето на Белгија да и обезбеди на Украина поддршка во текот на 10-годишниот рок на договорот, рече тој.

Безбедносниот пакт „за прв пат“ го наведува бројот на борбени авиони Ф-16 што Украина треба да ги прими на 30, рече Зеленски, а првиот ќе пристигне оваа година.

Безбедносниот договор се навраќа на одлуката на шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во литванскиот главен град Вилнус во јули.

Таму беше договорено поединечните земји-членки да склучат билатерални договори за да се обезбеди долгорочна безбедност на Украина.

Договорите гарантираат дека Украина ќе добие снабдување со оружје и финансиска помош за да помогне да се премости јазот до планираното пристапување на земјата во НАТО.

To top