Свет

Зеленски по нападот врз Дњепар бара поголема противвоздушна одбрана

Зеленски по нападот врз Дњепар бара поголема противвоздушна одбрана

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска од меѓународната заедница повторно побара поголема противвоздушна одбрана и одобрување на напади врз руска територија.

Неговиот апел уследи откако во напад со ракети и дронови врз градот Дњепар во Украина загинаа пет лица, а 34 се повредени. При нападот оштетени се градинки, училишта и болница.

– Светот може да ги заштити животите, а за тоа е потребна одлучност на лидерите, напиша Зеленски на Телеграм.

To top