Украинскиот претседател Володимир Зеленски по уште еден масовен руски ракетен напад врз Киев, рече дека на Украина и требаат водечки светски системи за воздушна одбрана.
„Нов руски ракетен напад врз Киев. Соборени се повеќе од 30 проектили, вклучително и една аеробалистички. Повредени се луѓе. На сите им е пружена неопходната помош“, нагласи Зеленски и на Фејсбук објави снимка од последиците на непријателскиот напад.
Како што нагласи шефот на државата, Русија спроведува ваков терор секој ден и секоја ноќ.
„Светското единство е во состојба да го запре кога ќе ни помогне со системите за противвоздушна одбрана. Руските терористи немаат такви ракети кои би можеле да ја заобиколат заштитата на „Патриотите“ и другите водечки светски системи“, посочи Зеленски.
Според него, таа заштита сега е потребна во Украина.
„Од Киев до Харков, од Суми до Херсон, од Одеса до Доњецката област. Тоа е сосема можно доколку партнерите имаат доволно политичка волја“, апелира Зеленски.