Свет

Зеленски најави состанок за енергетика со партнерите на Киев во Франција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска најави разговори со партнерите оваа недела во Франција, фокусирани на енергетиката, по неколкунеделните масовни прекини на струја поради руските напади.

Состанокот во таканаречениот „Рамштајн формат“ ќе ги вклучи земјите од Г7, партнерите од северна Европа и Балтикот, рече тој, пренесе ДПА додавајќи дека Зеленски посебно ги именувал министрите од САД, Канада и Европската Унија.

Милиони луѓе во Украина се погодени од повеќечасовни прекини во снабдувањето со електрична енергија, вода и греење предизвикани од систематските руски напади. Најавата доаѓа еден ден пред новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина која е планирано да се одржи во Женева.

Зеленски на социјалните мрежи повтори дека отстапувањето територија на Русија го смета за погрешен пат. Киев е подготвен за компромиси, но тоа не значи дека ќе се откаже од територија, рече тој, тврдејќи дека земјата не е подготвена да прифати компромис што ќе и овозможи на Русија да закрепне, брзо да се врати и да ја окупира Украина.

Зеленски ја истакна важноста на американските безбедносни гаранции за неговата земја, велејќи на Минхенската безбедносна конференција во саботата дека Вашингтон понудил период од 15 години, додека Киев сака гаранциите да траат најмалку 20 години.

To top