Свет Украина

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина

– Подготвени сме да го прошириме заедничкото производство на одбранбена опрема. Одлуката на француските компании да почнат со производство на дронови во Украина е особено значајна, напиша Зеленски во објава на X.

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро со кого разговараа за продолжување на одбранбената поддршка за Украина, противвоздушната одбрана и обуката на украинските војници.

– Подготвени сме да го прошириме заедничкото производство на одбранбена опрема. Одлуката на француските компании да почнат со производство на дронови во Украина е особено значајна, напиша Зеленски во објава на X.

За време на разговорот, исто така, станало збор за санкциите против Русија и напредокот на Украина во процесот на пристапување кон Европската унија, додаде тој.

– Ѝ благодарам на Франција, на претседателот Макрон и лично на господинот Баро за поддршката што ни ја даваат од првите денови на војната. Ви благодарам за солидарноста со нашиот народ, порача Зеленски. (МИА)

To top