Свет

Зеленски му се заблагодари на Бајден за поддршката за Украина

Зеленски му се заблагодари на Бајден за поддршката за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Киев ја почитува „тешката, но силната“ одлука на американскиот претседател Џо Бајден да се повлече од кампањата за реизбор.

– Украина му е благодарна на претседателот Бајден за неговата непоколеблива поддршка на борбата за слобода на Украина, која заедно со силната двопартиска поддршка во САД, беше и останува клучна, објави Зеленски на Икс.

Тој потсети дека во изминатите неколку години биле донесени многу важни одлуки кои ќе останат запаметени како храбри чекори што ги презеде Бајден како одговор на предизвикувачките времиња.

Најнови вести од Свет

To top