Свет

Зеленски: Луѓето се важни, но тоа не значи дека Украина може да се откаже од 30 отсто од својата територија

Зеленски: Луѓето се важни, но тоа не значи дека Украина може да се откаже од 30 отсто од својата територија

Невозможно е да се спореди загубата на луѓе со загубата на територија. Луѓето се важни. Но, тоа не значи дека Украина е подготвена да се откаже од 30 отсто од својата територија, истакна претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за британската телевизија Би-Би-Си, пренесоа украинските медиуми.

-Некои прашуваат: што ви е поважно – територијата или народот? Како може да се споредат такви работи? Луѓето се на прво место. Луѓето се важни. Но, тоа не значи дека можеме да им дадеме 30 отсто од нашата земја, рече Зеленски во интервјуто што го даде за време на неговата посета на ОК претходно оваа недела.

Згора на тоа, според неговото мислење, никој не може да биде сигурен дека Русите нема да одат понатаму и дека замрзнувањето на конфликтот гарантира мир.

Зеленски, исто така, нагласи дека на Путин не може да му се верува, „затоа опциите за веројатен крај на војната мора темелно да се дискутираат и оценат“.

Како што е соопштено, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, смета дека со единство и следење на форматот на мировниот форум, можно е да се обиде да стави крај на жешката фаза на руско-украинската војна до крајот на оваа година.

To top