Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ќе има итни разговори со лидерите на околу 30 држави, кои го поддржуваат Киев да добие фер услови за завршување на војната со Русија.
Зеленски преку видеолинк ќе разговара со лидерите на Германија, Велика Британија и Франција, како и со претставниците на така наречената Коалиција на подготвените.
Тој наведе дека разговорите се организирани на брзина, бидејќи Киев се обидува да ги избегне барањата на американскиот претседател Доналд Трамп мировниот договор за Украина да биде брзо постигнат.