Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање им се заблагодари на сите партнери кои и помогнале на земјата со системите за противвоздушна одбрана.
„Благодарам на сите наши партнери кои и помогнаа на Украина за воздушната одбрана. Тоа се различни земји: САД, Германија, Франција, Велика Британија, Норвешка, Италија, Романија, Шведска, Холандија, Словачка, Чешка, Бугарија, Полска, балтичките земји и други држави. Системи „Патриот“, „НАСАМС“, „ИРИС-Т“, „РАВЕН“, „Јастреб“ и други системи“, рече Зеленски.
Тој истакна дека во моментов не може отворено да зборува за се, но украинскиот небесен штит сега е помоќен од минатата година.
„Има поголеми можности, но за жал се уште не ја заштитува целосно целата територија“, додаде тој.