Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговарал со финскиот претседател Александер Стаб за потребите на украинската противвоздушна одбрана.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски ја истакна важноста на успехот на американскиот претседател Доналд Трамп во постигнувањето прекин на огнот во Појасот Газа.
„Нема сомнение дека правилните потези на САД можат да помогнат и во завршување на руската војна против Украина,“ напиша Зеленски, кој в петок треба да се сретне со Трамп во Вашингтон.
Тој додаде дека тој и Стаб ги координираат своите ставови во однос на безбедносните прашања.