Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети командното место во близина на Купијанск, недалеку од линијата на фронтот во регионот Харков, на североистокот на Украина.
„Борците на командното место во Купијанск го штитат мирниот живот на Украинците“, соопшти Претседателството на Телеграм.
За време на посетата, Зеленски ги одликуваше војниците.
„Руските сили веќе неколку месеци спроведуваат офанзива во североисточна Украина, со минимално напредување“. се наведува во соопштението.