Свет Украина

Зеленски го назначи Умеров за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.

Зеленски го назначи Умеров за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана

Украинскиот претседател Влодимир Зеленски денеска го назначи поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.

Улогата на Советот е да ги координира прашањата за националната безбедност и одбрана и е составен од врвните политички, безбедносни и одбранбени шефови во земјата.

Рустем беше министер за одбрана до реконструкцијата на владата на Украина, кога беше заменет од поранешниот премиер на земјата Денис Шмихал.

To top