Се очекува разговорите меѓу украинските и руските преговарачи да продолжат в недела, изјави претседателот Володимир Зеленски, повикувајќи ги сојузниците да не го намалуваат притисокот врз Москва.
Зеленски во својата вечерна изјава денеска рече дека двете страни разговарале за чекорите за завршување на војната. Тој додаде дека би било добро да се продолжат овие разговори дури и пред недела.
Зеленски нагласи дека Украина отсекогаш била и секогаш ќе биде на страната на мирот. Тој истакна дека Русија е единствената земја поради која оваа војна сè уште трае.
„Потребен е притисок. Токму притисокот и неговите последици – резултат на санкциите, резултат на блокирањето на руските операции, сето ова се работи за запирање на војната“, додаде тој.