Свет по уништување на „дружба“-та, закани по живот до унгарскиот сојузник

Зеленски ги мина сите граници: Ќе му прател војници на Орбан дома, ако не ги одобрел ЕУ средствата!

„Се надеваме дека едно лице во Европската Унија нема да ги блокира 90-те милијарди евра и дека украинските борци ќе добијат оружје. Во спротивно, адресата на ова лице ќе им ја дадеме на наши војници за да поразговараат со него на нивниот јазик“, предупреди Зеленски.

Зеленски ги мина сите граници: Ќе му прател војници на Орбан дома, ако не ги одобрел ЕУ средствата!

Володимир Зеленски се закани дека ќе му испрати свои луѓе на домашна адреса на Виктор Орбан, ако Унгарија не ја повлече блокадата на заемот од ЕУ за Украина од 90 милијарди евра.

„Се надеваме дека едно лице во Европската Унија нема да ги блокира 90-те милијарди евра и дека украинските борци ќе добијат оружје. Во спротивно, адресата на ова лице ќе им ја дадеме на наши војници за да поразговараат со него на нивниот јазик“, предупреди Зеленски.

„Овие закани и уцени отидоа далеку над секоја прифатлива граница. Ова е скандалозно. Нема место за лични емоции во вакви работи. Унгарија нема да биде заплашена и нема да подлегнеме на уцени,“ објави портпаролот на Орбан, Золтан Ковач.

Будимпешта и Братислава ја обвинуваат Украина дека намерно не ја поправа штетата на нафтоводот Дружба, за да не доаѓа руска нафта до Унгарија и до Словачка. Орбан предупреди дека Унгарија ќе ги запре сите иницијативи на ЕУ за помош на Украина додека нафтоводот е блокиран.

 

To top