Свет

Зеленски: Фицо не сака да бара замена за рускиот гас

Зеленски: Фицо не сака да бара замена за рускиот гас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по повод состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и словачкиот премиер Роберт Фицо во Москва, дека таа средба уште еднаш покажала дека Фицо не сака да учествува во заедничките европски напори за постигнување енергетска независност од Русија, како да и не сака да бара замена за рускиот гас.

Зеленски на платформата Икс напиша дека Фицо „сака да и помогне на Русија во потиснување на американскиот гас и енергетските ресурси на другите партнери од Европа“, што значи дека, како што наведе, сака „да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната и слабеење на Европа“.

„Ние губиме луѓе како резултат на војната што ја започна Путин и сметаме дека таквата помош за Путин е неморална“, наведе Зеленски.

To top