Свет објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер

Во Берлин започна средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, со учество на германскиот канцелар Фридрих Мерц, како дел од дипломатските напори за наоѓање излез од војната во Украина.

Во објава на Фејсбук, украинскиот претседател објави фотографии на кои се гледа како се ракува со Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како и други фотографии на кои се гледаат американски, украински и германски претставници, вклучувајќи го и Мерц, како седат околу преговарачката маса.

To top