Најмалку 20 луѓе се уапсени во округот Лос Анџелес поради кражби за време на пожарите, изјави членката на надзорниот одбор на округот, Кетрин Бергер.
-Нема да дозволиме ова да се случува. Нема да стоиме по страна и да дозволиме ова трауматично искуство дополнително да се влошува, истакна Бергер.
Во меѓувреме, американските власти соопштија дека најмалку 10 луѓе загинале во пожарите. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем, но истражителите немаат сигурен пристап до одредени делови зафатени од пожарите. (МИА)