Свет Затворен аеродромот во Катанија

Вулканот Етна повторно еруптираше

Вулканот исфрли големо количество чад и гасови до висина од 9,5 илјади метри. Раководството на аеродромот во Катанија најави дека ќе биде затворен до 18 часот по локално време.

Вулканот Етна повторно еруптираше

Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта, поради што беше затворен блискиот аеродром во Катанија, на источниот брег на Сицилија, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Вулканот исфрли големо количество чад и гасови до висина од 9,5 илјади метри. Раководството на аеродромот во Катанија најави дека ќе биде затворен до 18 часот по локално време.

Раководството извести дека пепелта ги покрила авионите и пистите и дека работата ќе продолжи кога инфраструктурата повторно ќе профункционира.

„Ги замолуваме патниците да не доаѓаат на аеродромот пред да го проверат статусот на нивниот лет“, соопштија од аеродромот и предупредија на значителни доцнења.

Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија.

Етна, висок 3.350 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Често еруптира, и е под постојан надзор, а неговите спектакуларни ерупции секогаш привлекуваат голем број љубопитни луѓе.  (МИА)

To top