Свет Се утврдува мотивот

Возач се забил во капијата од седиштето на ФБИ во Атланта, па се обидел насилно да влезе во зградата

Полицијата на округот Декалб го уапсила возачот и тој моментално е во притвор. 

Возач се забил во капијата од седиштето на ФБИ во Атланта, па се обидел насилно да влезе во зградата

Возач, со засега неутврден идентитет, удрил во капијата на седиштето на Федералното истражно биро во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија, соопшти ФБИ.

ФБИ за Фокс њуз соопшти дека возилото удрило во капијата каде што влегуваат вработените околу пладне по локално време, и дека возачот потоа се обидел насилно да влезе во зградата.

Полицијата на округот Декалб го уапсила возачот и тој моментално е во притвор.

Засега нема информации за повредени.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Безбедносните сили се обидуваат да го утврдат идентитетот на возачот, како и можниот мотив. (МИА)

Поврзани теми

Најнови вести од Свет

To top