Повеќе од 15 вооружени Палестинци нападнаа воена позиција на југот од Појасот Газа денеска, соопшти израелската војска.
Напаѓачите пукале врз израелски војници и користеле противтенковски ракети во областа Кан Јунис, изјави воен претставник. Неколку од нив се инфилтрирале во воениот пункт.
Војниците возвратиле на оган, поддржани од воздушни напади, и убиле десетмина од напаѓачите.
Израелските медиуми објавија дека напаѓачите имале намера да киднапираат војници.
Тројца војници се повредени, еден од нив потешко, соопшти војската. Инцидентот сè уште е во тек, а војската изјави дека „војниците работат на лоцирање и елиминирање на терористите“. (МИА)