Свет

ВО ЖИВО: Започна погребот на Навални, ковчегот отворен, огромната толпа на луѓе го бакнуваат негово лице (ВИДЕО)

ВО ЖИВО: Започна погребот на Навални, ковчегот отворен, огромната толпа на луѓе го бакнуваат негово лице (ВИДЕО)

Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека се уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата. За тоа време, дел од топлата која дојде на погребот на Навални, скандираше „Путин е убиец“. Имале и мали нереди, полицијата го ограничуваше пристапот, а граѓаните ги пробија кордоните.

Руските власти најавуваат одговорност за ваквото однесување.

„Непознати лица се јавуваат во мртовечниците и им се закануваат ако прифатат да го преземат телото на Алексеј“, се пожали портпаролката. Погребот треба да се случи во Маржино, на периферијата на Москва. Планот е комеморацијата да започне во 14:00 часот по московско време во црквата.

Погребот треба да се изврши на блиските гробишта Борисовскоје во 16:00 часот по московско време. Погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Навални. Навални почина на 16 февруари во руски затвор во Арктичкиот круг.

To top