Судењето на поранешниот генерал на сириската армија Мохамед Хам поради неговата наводна улога во воените злосторства за време на граѓанската војна во земјата, почнува денеска во судот во Стокхолм.
Генералот Хамо, кој сега живее во Стокхолм, е обвинет дека помагал и овозможувал кривични дела со кршење на меѓународното право, што обвинителството го опиша како „тешко кривично дело“ кога против него е покренато обвинение во февруари.
Хамо во јули 2012 година пребегна на страната на опозицијата која се бори за соборување на претседателот Башар Асад. Сириските опозициски активисти велат дека тој учествувал во борбите во некогашната бунтовничка населба Баба Амр во Хомс, третиот по големина град во Сирија.
Тој живеел во Шведска до неговото апсење во декември 2021 година за неговата улога во наводните воени злосторства во Сирија. Судот го пушти по два дена, бидејќи нема доволно докази за да го задржат во притвор и оттогаш е на слобода.
Судењето во Окружниот суд во Стокхолм е предвидено да трае 18 дена, а последното рочиште е закажано за 21 мај. (МИА)