Свет

Во Појасот Газа во последните 24 часа загинаа 58 лица, вкупно 45.319 жртви

Во Појасот Газа во последните 24 часа загинаа 58 лица, вкупно 45.319 жртви

Министерството за здравство на Појасот Газа под контрола на Хамас денеска соопшти дека најмалку 58 луѓе биле убиени во изминатите 24 часа на палестинска територија по 14 месеци војна со Израел.

„Со тоа, вкупниот број загинати се искачи на 45.317“, се вели во соопштението.

Се додава дека 107.713 лица се повредени во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.

To top